Македонската фудбалска репрезентација без капитенот на Шкендија, Ферхан Хасани ќе ги одигра контролните мечеви со Азербејџан и Иран.


Популарниот „буба“ иако се врати во натпреварувачки ритам се уште не е подготвен да одигра две средби за кратко период.

Хасани минатата година ги повреди вкрстените лигаменти на коленото и повеќе од шест месеци беше надвор од терените.

Дуелот на А селекцијата со Азербејџан е закажан за 29 мај додека мечот зо Иран на 2 јуни во Австрија.

OhridNews