Македонската кошаркарска репрезентација без најдобриот кошаркар Перо Антиќ ќе настапи на Евробаскетот, кој ќе се одржи во четири земји.


Антиќ, кој ги брани боите на Атланта Хоукс во НБА лигата ја соопшти конечната одлука оти нема да му се стави располагање на селекторот Александар Џикиќ.

– Не, нема да играм. Веќе во години сум и мислам дека ова Европско првенство треба да го изиграат момците кои тоа го заслужија оние кои што го изборија тоа. – рече Антиќ.

Со него во селекцијата „црвено жолтите“ 2011 година на Европското во Литванија го направија историскиот успех пласирајќи се на четвртата позиција.

Кошаркарската репрезентација натпреварите ќе ги игра во Хрватска, а покрај домаќинот во групата се наоѓа со Холандија, Грција, Словенија и Грузија.

Ohridnews