По покана на Фудбалската Федерација на Јемен, Б-репрезентацијата на Македонија под водство на селекторот на репрезентацијата до 21г. Бобан Бабунски ќе учествува на турнир во градот Сана од 16-22 мај.

На турнирот покрај Јемен и Македонија ќе учествуваат и селекциите на Оман и Буркина Фасо. Извлекувањето на двојките е закажано за 16 мај а полуфиналните дуели се играат на 18/ 20-ти. Финалето ќе се одигра на 22 мај.

Б- репрезентација на Македонија

ГОЛМАНИ : Ефремов Андреја – ФК Металург, Димитриевски Столе – ФК Македонија ЃП

ОДБРАНА

Георгиевски Даниел – ФК Меѓумурје, Димитровски Владимир – ФК Металург, Лазевски Александар – ФК Телеоптик, Бериша Седат – ФК Милано, Глишиќ Дарко – ФК Вардар, Богдановиќ Горан – ФК Скопје, Брдаревски Владица – ФК Пелистер

СРЕДЕН РЕД

Ристовски Стефан ФК Парма, Урдинов Јани – ФК Рода, Петровиќ Милован – ФК Победа, Дурански Филип – ФК Славија (П) , Вељановски Александар – ФК Пелистер


НАПАД

Фазли Самир – ФК Херенвејн, Алтипарамковски Маријан – ФК Пелистер, Несторовски Илија – ФК Словачко, Сиљановски Горан –  ФК Вардар, Петров Филип – ФК Јавор, Хасани Теран – ФК Шкендија.

www.ffm.com.mk

Ohridnews