Во организација на Германското Сојузно здружение за трговија на големо, за надворешно-трговско работење и услуги (БГА), во соработка со Унијата на германските комори во странство (АНК) и Германско-Албанското стопанско друштво (ДАЊ), а на иницијатива на  Германската агенција за трговија и инвестиции (ГтаИ – Германѕ – Траде анд Инвест ГмбХ) денеска во Охрид ќе се одржи информативно-контактна манифестација под наслов: „Иднината е во туризмот – прекугранична соработка за интернационален туризам: Албанија – Црна Гора – Македонија“.

Целта на организаторите е, преку оваа манифестација да овозможат добивање информации од прва рака за економските перспективи на трите земји во областа на туризмот и отворање платформа за контакти со потенцијалните партнерски фирми. Информативната и контактна манифестација е наменета за инвеститори, финансиери, тур-оператори, патнички агенции и услужни дејности блиски до туризмот, како и за консултанти. Покрај трансферот на информации и импресии за туристичките потенцијали и можности, преку посетата на Албанија, Црна Гора и Македонија, главно тежиште на информативниот и контактен форум, треба има претставувањето на одделните земји и нивните инвестициски и кооперациски перспективи. Покрај претставници од политиката и стопанството, учество како соговорници ќе земат и експерти од областа на туризмот.

Ohridnews