Македонската фудбалска репрезентација претпре пад од пет места и заедно со репрезентацијата на Јужна Африка, го дели 66 место на најновата ранг листа на ФИФА.


Промени има и на врвот на ФИФА листата. Светскиот шампион Шпанија се врати на врвот, а втори се Холанѓаните,додека Бразил е на третата позиција. Во топ десет следуваат Германија, Аргентина, Уругвај, Англија, Португалија, Египет и Чиле.

Од противниците на Македонија во следните квалификации за Европското првенство 2012 година најдобро пласирана е Русија која е на 17.место, потоа следува Словачка на 27.место, Ирска е 36-та, Ерменија е на 96.место и Андора на 201.место.

За 11. август е закажано следното рангирање на ФИФА.

Ohridnews