Скок од три места на фудбалската репрезентација на Македонија на најновата рејтинг листа на ФИФА по натпреварот во Зеница со БиХ, кој заврши 2-2. Македонија овој месец се искачи на 56-то со 546 поени колку што има и Унгарија.
Од нашата квалификациска група , Холандија и натаму е најдобро-рангирана на 10-тата позиција. Шкотска е 15-та а Норвешка 28-ма. Со скок од три места, Исланд се искачи на 86-тата позиција.
Аргентина е сè уште прва, пред Бразил, Италија, Шпанија и Германија. Во првите 10 уште се Чешка, Франција, Грција, Португалија и Холандија.