Македонската женска ракометна репрезентација прептрпе пораз од селекцијата на Тајпеј во натпреварот за  17 место на СП кое се игра во Македонија .

Во Скопското „Кале“, избраничките на Новко Георгиевски минимално го загубија натпреварот со 26:25 и покрај тоа што по првите 30 минути имаа плус три предност 15:12.

Вечерва се играат полуфиналните натпревари. Во 18.30 играат Данска – Јужна Кореја во додека во 21.00 ќе играат Шпанија – Германија.

М.П.