Фудбалската репрезентација на Македонија, 2014 година ја завршува на 100-то место на ранг листата на ФИФА. Во однос на претходното рангирање, иако не одигра ниту еден натпревар, фудбалската репрезентација напредуваше за три позиции.
Едно место пред Македонија е Белорусија која на ’црвено-жолтите’ им е противник во квалификациите за пласман на Еуро 2016. Белорусија напредуваше за две позиции на ФИФА листата, а од останатите противници во квалификациите, за по една позиција напредуваа Луксембург (128) и Украина (25), додека Словачка (21) и Шпанија (9) ги задржаа истите позиции.
Новата листа на ФИФА не донесе промени меѓу водечките репрезентации, Топ 10 листата ја предводи Германија, а зад неа се Аргентина, Колумбија, Белгија, Холандија, Бразил, Португалија, Франција, Шпанија и Уругвај.
„Макфакс“