Македонската фудбалска репрезентација, вечерва (20:45 часот), на Националната арена во Букурешт, против селекцијата на Романија ќе го отвори квалификацискиот циклус за пласман на Мундијалот во Катар 2022 година.
Летово, на Националната арена во Букурешт, Македонија ќе го запише првиот настап на Европското првенство, а „црвено жолтите“ токму од градот каде ќе се испише историја посакуваат успешен старт и на мундијалските квалификации.
Фаворит на хартија е Романија но изминатиов период, Македонија под водство на селекторот Игор Ангеловски од клупата и Горан Пандев и дружината на теренот покажаа дека можат рамо до рамо се носат со селекциите од елитниот ешалон. Романците најавуваат победа, а „црвено жолтите“ без помпезност но со јасни цели и планови го најавија дуелот во Букурешт.
Правдата на мечот Романија – Македонија ќе ја дели португалскиот арбитар Фабио Верисимо. 38-годишниот судија со знакот на ФИФА е од 2015 година, а во првата португалска лига дебитирал 2014 година.
Натпреварот во живо ќе емитуван на каналите од Спорт Клуб.
Во преостанатите два мечеви во нашата група силите ќе ги одмерат Германија – Исланд односно Лихтенштајн – Ерменија.
- Двојки:
Група Б: Шпанија – Грција, Шведска – Грузија
Група Ц: Бугарија – Швајцарија, Италија – Северна Ирска
Група Ф: Израел – Данска, Молдавија – Фарски Острови, Шкотска – Австрија
Група И: Андора – Албанија, Англија – Сан Марино, Унгарија – Полска
OhridNews