Вечерва, по полноќ, во театарот Долби во Лос Анџелес почнува свеченоста на годинешното 92-ро по ред доделување на најпознатата филмска награда Оскар.
Македонија и целиот Балкан навива и држи палци за документарниот филм на авторите Тамара Котевска и Љубомир Стефанов „Медена земја“ да се закити со Оскар.
Филмот е номиниран во две категории-најдобар документарен филм и интернационален филм.
Петчлената авторска екипа – режисерите Тамара Котевска и Љубомир Стефанов, снимателите Фејми Даут и Самир Љума, продуцентот и монтажер Атанас Георгиев и протагонистката во филмот – пчеларката Атиџе Муратова веќе се во Холивуд и вечерва ќе бидат меѓу холивудската елита на свеченоста.
OhridNews