Женската ракометна репрезентација на Македонија триумфираше на квалификацискиот турнир кој се одржа во Скопје и обезбеди бараж двомеч за пласман на Светското првенство. „Црвено жолтите“ ги совладаа Исланд, Литванија и Грција за максимален ефект и прво место во групата.
Македонија во бараж за пласман на СП ќе игра трет пат, а противникот ќе биде познат денеска. Потенцијални ривали на Македонија се селекциите на Чешка, Германија, Унгарија, Црна Гора, Полска, Романија, Русија, Србија, Словенија, Шведска.
Имаме три победи, ритамот беше напорен, затоа што една година немавме активности. Задоволен сум како девојките го прифатија системот на работа, се надевам дека во иднина ќе бидеме подобри. Самодовербата по овие победи кај сите е поголема, сега го чекаме баражот каде се наоѓа европскиот ракометен крем. Во моментов немаме посакувана репрезентација, бевме во целост фокусирани на овие квалификации, само да ги избегнеме најдобрите и ќе се потрудиме да дојдеме до СП, – изјави селекторот Симе Симовски.
Бараж двомечот се игра на крајот од април месец.
OhridNews
Фото: Гол.мк