Младинската ракометна репрезентација на Македонија обезбеди пласман на Европското првенство, откако на домашно тло во Скопје победи на турнирот, кој се организираше под капата на ЕХФ.

Избраниците на македонскиот селектор Данило Брестовац во финалето ја совладаа селекција на Белорусија (29-23) и на маестрален начин го заокружија ЕХФ шампионатот.

„Црвено жолтите“, најмногу мака видоа во полуфиналето, каде после изведувањето на пеналите ја елиминираа селекцијата на Фарски Острови. Фазата по групи ја завршија без пораз, со две победи и едно реми.

Со пласманот на ЕП следната година се потврдува фактот, дека ракометот заслужено го носи приматот спорт број еден во Македонија.

Фото: Екипа.мк
OhridNews