Македонската ракометна репрезентација сериозно ќе го сфати статусот на „прва резерва“ за Мундијалот во Египет кој ќе се одржи на почетокот од следната година. „Црвено-жолтите“ заедно со Ракометна федерација на Македонија (РФМ), коваат планови за подготовките да бидат исполнети и квалитетни исто како нашата селекција да биде дел од светскиот собир.

Македонија веќе договори две контроли. Противниќ ќе биде домаќинот на СП, Египет. Натпреварите со селекцијата од Африка ќе се играат во Скопје, под посебни мерки, протоколи и услови за време на пандемијата на коронавирусот.

Селекторот Данило Брестовац веќе испратил список од 35 ракометари во ИХФ, со кои ќе го помине подготвителниот период во декември оваа и јануари следната година.

Мундијалот во Египет ќе се одржи од 13 до 31 јануари.

OhridNews