Македонската фудбалска репрезентација со најдобар пласман-на третата позиција ги заврши квалификациите за Европското првенство кое ќе се одржи следното лето 2020 година.

До најдобриот пласман во историјата во евро-квалификациите, Македонијa дојде со минималниот триумф над Израел 1-0 (1-0) во Скопје и со помош од Полска која со 3-2 ја совлада Словенија во последната рунда од квалификациите.

„Црвено жолтите“ во судиското продолжение преку Бобан Николов реализираа една од неколкуте прилики. Израел повремено се закануваше но без некоја посериозна прилика за изедначувачки погодок. Во второто полувреме се играше жестоко но резултатот остана ист и Македонија стигна до победа вредна трета позиција на табелата.

Добрите резултати и уште подобрата игра во квалификациите многу ќе и значат на Македонија во баражот против Косово во 1/2 финалето во Лигата на Нации. Мечот ќе се игра во Скопје во март месец следната година.

OhridNews