Утрово, македонската CS:GO (Counter-Strike:Global Offensive) репрезентација ја победи репрезентацијата на Монголија со 3-1 и со тоа стана по вторпа светски шампион во CS:GO, објави Македонската еспорт федерација.
Боите на македонската еспорт репрезентација и на ова Светско првенство ги бранеше охриѓанецот Александар Ќулукоски – Цацанито.
Македонија беше светски шампион и минатата година во Израел, каде во финалето беше совладана Романија.
Г.М.
Фото: Инстаграм – Македонска еспорт федерација