Македонската фудбалска репрезентација со сите расположливи средства ќе и се спротистави на Грузија во финалниот натпревар од баражот за пласман на Европското првенство, што ќе се одржи следната 2021 година.
Селекторот Игор Ангеловски како што најави не експериментираше и ги одбра најдобрите фудбалери. Во македонската репрезентацијата се враќа Елиф Елмас, кој поради позитивниот тест на вирусо ковид -19 го пропушти полуфиналниот дуел со Косово.
Бараж натпреварот се игра на 12 ноември во Тбилиси. И покрај најавите за присуство на публика, мечот ќе се одигра пред празни трибини.
После финалето во баражот, Македонија во лигата Ц од УЕФА Лигата на Нации ја очекуваат средби со Естонија и Ерменија.
Списокот:
OhridNews