Македонската ракометна репрезентација, денеска, во 17 часот, во Финска против истоимената селекција ќе го одигра петтиот натпревар во квалификациите за Европското првенство, кое ќе се одржи следната година.

Селекторот и капитенот, Кирил Лазаров на финската селекција ќе му се спротистави со целиот арсенал. Лазаров заедно со Филип Миркуловски и капитенот на Вардар, Стојанче Стоилов го предводат составот на Македонија за денешниот дуел со Финска.

На последниот рез во селекцијата отпаднаа Ненад Костески, голманот Марко Кизиќ и ракометарот на Охрид, Михајло Младеновиќ.

Македонија е голем фаворит во пресрет на средбата со Финска, а со оправдување на фаворитската улога нашите ракометари ќе го потврдат новото учество на ЕП.

Составот: Никола Митревски, Мартин Томовски, Дејан Манасков, Мартин Велковски, Стојанче Стоилов, Кирил Лазаров, Игор Ѓорѓиев, Филип Талески, Филип Кузманоски, Гоце Георгиевски, Жарко Пешевски, Бојан Маџоски, Мартин Серафимов, Марко Мишевски.

OhridNews