Македонската фудбалската репрезентација освои бод на дуелот со Израел ремизирајќи 1-1 (0-0) во средбата од петтата рунда во квалификациите за пласман на Европското првенство следната година.

„Црвено жолтите“, ги надвиснаа проблемите со повредите и не гостопримливоста на домаќините и притисокот на теренот кој го носи домашниот терен. Македонија може да жали и за целиот плен бидејќи последната  и најзрела прилика за втор погодок ја имаше нашата селекција но не ја реализираше.

Први до водство во текот на мечот стигнаа домаќините. Израелците погодија после десет минути игра во вториот дел. Девет минути подоцна, репрезентација на Македонија го изедначи резултатот преку Аријан Адеми.

Во продолжението, шансите се редеа на двете страни а најизгледната рпилика ја имаше Елиф Елмас во судиското продолжение но ја прокоцка и резултатот остана не променет.

Во рамките од шестата рунда, Македонија, ќе се сретне со Литванија додека Израел ќе ги одмери силите со Словенија.

OhridNews