Македонската фудбалска репрезентација до 21 година составена од фудбалери кои доаѓаат од нашиот шампионат со победа над Работнички 4-0 (1-0) го заврши четиридневниот подготвителен камп во Охрид.

Помеѓу фудбалерите со репрезентативен потенцијал беше охриѓанецот Абдулхади Јахја кој ги брани боите на Струга Трим Лум. Јахја ги одигра сите 90 минути и асистираше за еден од погодоците на младата репрезентација.

Стрелци за Македонија беа Сефер Емини во првото односно Емир Скендери, Марио Илиевски и Јован Манев во второто полувреме.

Селекторот Благоја Милевски шанса му даде на сите фудбалери и со кампот во Охрид ги заврши активностите со младата селекција за 2019 година.

Состави:

Македонија: Денковски, Велковски, Младеновски, Јахја, Воша, Тошевски, Махарем, Бериша, Димоски, Емини

Уште играа: Манев, Трајкоски, Османоски, Скендери, Наумчески, Ивановски, Илиевски

 

Работнички: Николоски, Пановски, Спасовски, Андовски, Кордоба, Ацковски, Јевтоски, Лазаров, Редев, Андрески, Фазлиу

Уште играа: Герасимовски, Мелов, Масевски, Јовановски, Чурлинов, Ајдини, Додевски, Станковски, Костовски, Дишлиески, Имери

OhridNews