Машката младинска ракометна репрезентација на Македонија ќе се бори за пласман на петтото место на ЕХФ шампионатот во Варна, Бугарија.

За противник, нашата селекција ќе го има тимот на Украина кој денеска во првиот дуел од разигрувањето за пласман од петто до осмо место славеше против Велика Британија со 26-20.

Натпреварот Македонија – Украина се игра денеска од 12 часот.

Велика Британија и Луксембург ќе играат за седмо место.

OhridNews