Македонската ракометна репрезентација, денеска, во вечерниот термин од 20:30 часот, против селекцијата на Шведска ќе го започне новото, вкупно седмо учество на Мундијалите.

„Црвено жолтите“ иако не знаеаја дали ќе учествуваат на Светското првенство во Египет, одработија добри подготовки, кои влеваат надеж за позитивен резултат и конечна смена на генерациите без турбуленции на турнирот во Египет.

Прв тест за селекторот Данило Брестовац и македонската репрезентација се „викинзите“, кои низ сличен период минуваат како нашата селекција. Вирусот ковид -19 ги остави дома најголемите ѕвезди, а швеѓаните, без разлика во каков состав играат секогаш се опасни, затоа што имаат големо искуство од големите натпреварувања.

Македонија нема победа против Шведска на официјален натпревар, но вечерва се може да се случи, бидејќи во ковид ситуацијата ништо не може да се предвиди пред мечот.

Правдата на дуелот Шведска – Македонија ќе делат норвешките судии Јорум и Клевен.

OhridNews