Македонската ракометна репрезентација последниот натпревар на домашен терен и во квалификациите за Европското првенство 2020 година против селекцијата на Грција ќе го одигра на 16 јуни во спортската сала „Парк“ во Струмица.

Најавите на Ракометната федерација на Македонија (РФМ) беа дека селекцијата ќе игра во Скопје,  но очигледно одлуката се променила и „црвено жолтите“ печат на квалификациите ќе стават во Струмица. Патувањето на македонската репрезентација не е новитет, бидејќи нашите најдобри ракометари селекцијата на Турција ја пречекаа во Битола.

Дуелот со Грција во Струмица ќе биде шанса за реванш и расчистување на сметките за неочекуваниот пораз во Кожани, кој за момент ни ги искомпликува шансите за пласман на ЕП.

Македонската репрезентација последните два натпревари од групата ќе ги пречека од првата позиција на табелата. Ако остане така „црвено жолтите“ покрај пласман на ЕП ќе обезбедат и место во вториот шешир во ждрепката за групите.

OhridNews