Фудбалската репрезентација на Македонија, вечерва во 20:45 часот, на арената во Дуисбург, против селекцијата на Германија ќе го заокружи првиот циклус од три мечеви, во квалификациите за Светското првенство во Катар 2022 година.

„Црвено жолтите“ најавија дека на теренот нема да истрчаат со бело знаме и пред време да се предадат, иако, се работи за репрезентација со светски калибар. Германците имаат импозатна серија од 20 години без пораз во квалификациите за СП и сите очекуваат таа да продолжи.

Обложувалниците не и даваат шанса за изненадување на Македонија и селекцијата на Германија ја сметаат за огромен фаворит.

Денешната пресметка помеѓу Германија и Македонија ќе биде прва официјална средба во историјата. Во досегашните две рунди од мундијалските квалификации Германија освои максимални шест бодови додека Македонија прокнижи три бодови, совладувајќи го Лихтенштајн со 5-0.

OhridNews