Македонската ракометна репрезентација силите во квалификациите за пласман на Европското првенство во Словачка и Унгарија 2022 ќе ги одмери со Данска, Швајцарија и Финска.

„Црвено жолтите“ можат да бидат задоволни од ждрепката. Во името на Данска добија една ултра квалитетна селекција, додека Швајцарија и Финска не се толку атрактивни репрезентации.

Пласман на ЕП обезбедуваат првите две селекции на табелата и четирите најдобри третопласирани од осумте групи. Квалификациите почнуваат во ноември месец, оваа година.

OhridNews