Таеквондо ИТФ Македонија под водство на претседателот Марјанчо Лазаревски црн појас V дан, поранешен светски вицешампион, од 25.03. – 02.04. 2022 ќе учествува на Европското Таеквондо ИТФ првенство, што ќе се одржи во Пореч – Хрватска.

Благодарение на генералниот спонзор “ПН МЕТАЛ”, Македонската ИТФ повторно ќе биде дел од Европската Таеквондо ИТФ елита, посочува Лазаревски, изразувајќи благодарност за значајната поддршка.

Боите на нашата држава ќе ги бранат пет искусни натпреварувачи:

  • Хриситјана Парулеска, црвен појас , ќе се натпревараува во девојчиња 11-14 години во две дисциплини , форми за црвен појас, борби – 45 кг.
  • Давид Крстески, црн појас I дан , ќе се натпревараува во јуниори 14-15 години во две дисциплини, форми црн појас I дан , борби – 55 кг.
  • Елена Јанеска, црн појас I дан , ќе се натпревараува војуниорки 14-15 години во две дисциплини, форми црн појас I дан , борби – 65 кг.
  • Давид Велковски, црн појас I дан , ќе се натпревараува во сениори во две дисциплини, форми црн појас I дан , борби – 71 кг.
  • Божидар Димитриевиќ, црн појас I дан , ќе се натпревараува во сениори во две дисциплини, форми црн појас I дан , борби – 85 кг.

Сите членови на спортската експедиција имаат антидопинг сертификати, кој е задолжителен за учество на сите врвни натпреварувања.

Подготовките течеа последните 2 месеци секојдневно го дадовме сиот наш максимум и се надеваме на солидни резултати, иако поради ситуацијата со Ковид 19 го изгубивме континуитетот на натпревари, Сепак според до сега постигнатото можеме да веруваме во овие наши натпреварувачи. Познато ни е дека Давид Крстески на 11 години се закити со медал од Европското првенство во Римини – Италија 2019, а Божидар Димитриевиќ и Давид Велковски на Светското првенство во Пловдив – Бугарија 2019 стигнаа до четвртфинале во борби, ѓто влева надеж за добар пласман и на ова Европско првенство. Сите натпреварувачи имаат освоено многубројни медали, па се надеваме дека ќе го дадат максимумот и ќе не израдуваат со добар пласман, вели Марјанчо Лазаревски предводникот на нашата репрезенатција.

OhridNews