Фудбалерите на Охрид претрпеа пораз во контролниот натпревар со Македонија Ѓорче Петров кој денеска се одигра во Маврово. „Лавовите“ славеа со 2-1, полувреме 2-1.
„Рибарите“ на стартот од мечот го отворија резултатот и поведоа со 1-0. Стрелец на голот беше Ромео Кочоски. „Лавовите“ до крајот на првиот дел успеаја да го свртат во своја полза постигнувајќи два погодоци од белата точка. Во првиот обид беше прецизен Емини, а во вториот Мишевски.
За охриѓани ова беше трет пораз во третиот тест меч со екипи од Првата лига. Претходно, подобри од охридскиот состав беа Работнички (2-1) и Пелистер (4-0).
Избраниците на Драган Бочески следниот натпревар во подготвителниот период ќе го одиграат на 1 август на домашен терен против Струга Трим Лум.
OhridNews