Селекторската позиција на македонска ракометна репрезентација остана празна, откако Ракометна федерација на Македонија (РФМ) и Данило Брестовац ја прекинаа соработката.
Македонија под водство на Брестовац, играше на Европското првенство минатата година и на Мундијалот во Египет и не успеа да забележи некој посериозен резултат. Напротив, резултатите беа далеку под очекувањата.
Брестовац позицијата селектор на машката сениорска репрезентација ја извршуваше од јуни 2019 до денеска кога спогодбено се разделија со РФМ.
OhridNews