На денешен ден во 1941 година, борците на Првиот прилепски партизански одред извршија напад врз бугарската полициска станица во градот, на прилепскиот затвор и на телефонско-телеграфската мрежа. Со овој чин беше означен почетокот на востанието на Македонскиот народ против фашистичкиот окупатор. На 12 октомври се огласија и истрелите на кумановските партизани. Почна четиригодишна крвава народноослободителна војна на македонскиот народ за конечно ослободување на земјата која заврши со успех на територијата на Вардарска Македонија.
Голем дел од битките во Народноослободителата војна се воделе во Дебрца, охридско. Таму е прогласена првата слободна територија и функционирала главницата на војската, а во Дебрци бил сместен и Главниот штаб на ослободителната армија, кој токму од Дебрца, во селото Црвена Вода, на 3 октомври 1943 година го издава Манифестот до македонскиот народ, документ од исклучително историско значење кој ја дефинира иднината на македонската држава. Тој ги поврзува Крушевскиот и Манифестот на Првото заседание на АСНОМ.
11 Октомври, Денот на востанието на македонскиот народ денес со низа активности ќе биде одбележан во Охрид и државата.
OhridNews