Ракометната репрезентација на Македонија, нема да биде дел од Светското првенство во Египет 2021 година откако не доби специјална покана за учество од Светската ракометна организација (ИХФ).
Македонија според сите параметри беше водечка селекција и главен фаворит за една од двете вајлд карти, но ИФХ уште еднаш зачуди со изборот и покажа дека кај неа не важит никои успеси. Среќни добитници беа селекциите на Русија и Полска, кои на последниот континентален собир заврши далеку зад македонската репрезентација.
Со неиграњето на Мундијалот во Египет ставена е точка на добар континуитет на македонската репрезентација со учество на СП. Македонија беше дел од три последователни Мундијали во серија. Претходно „црвено жолтите“ учествуваат на СП во 1999 и 2009 година.
OhridNews