Ракометната репрезентација на Македонија и официјално ќе биде дел од Светското првенство во Египет, откако чешката селекција го откажа учеството. Светската ракометна федерација (ИХФ) го потврди учеството на Македонија, после официјалниот допис од РФМ во кој се вели дека нашата репрезентација ја прифаќа поканата.
Чесите беа „нападнати“ од коронавирусот. Прво позитивни тестови добија двајцата селектори, а потоа и поголем дел од ракометарите. Чесите направија се што е можно да играат на СП, но не успеаја да се екипираат.
Откажување на чесите, значеше активирање на статусот „прва резерва“ кој го имаше Македонија. „Црвено жолтите“ беа на готовс и подготвени за Мундијалот. Сите тестови на ковид -19 се негативни и уште останува селекторот Данило Брестовац да го објави списокот ракометари, кои ќе ги бранат боите на Македонија.
Македонија ќе го заземе местото на Чешка во Г групата, каде уште се наоѓаат Шведска, Чиле и домаќинот на турнирот Египет.
OhridNews