Македонската ракометна репрезентација забележа голем триумф во квалификациите за Европското првенство следната година, победувајќи го актуелниот светски првак Данска со 33-29 (17-13).  „Црвено жолтите“ со победата над Данска го задржаа максималниот ефект по три одиграни мечеви и избија на чело на табелата.

Македонија предводена од новиот селектор Кирил Лазаров покажа голема желба за игра, која резултираше со гинење на теренот. Ракометарите на Македонија комплетно го одбележаа првиот дел во кој на Данска и дозволија само едно водство, на почетокот 0-1 и едно изедначување (7-7). Во втората половина од првиот дел, Македонија се одлепи на плус три, кои до истекот на 30-та минута ги зголеми на четири голови предност (17-13).

Во второто полувреме, Данска не најде одговор за расположените ракометари во „црвено жолти“ дресови. Македонија стигна до плус пет (22-17), а многу брзо до најголеми осум голови предност 25-17. Данска со поквалитетен финиш се врати на минус три 32-29, но македонските ракометари не дозволија и со гол во 60-та минута го заокружија триумфот.

Манасков, Талески и Кузманоски со по пет постигнати голови беа најдобри стрелци во селекцијата на Македонија. Стоилов и Лазаров имаа по четири. Голманот Митрески запиша 13 интервенции. Кај данците Хансен броеше до 11.

В недела, Македонија и Данска ќе одиграат нов натпревар во квалификациите. Овој пат домаќин ќе биде Данска. Мечот се игра во Алборг.

OhridNews
Фото: Гол.мк