Македонската фудбалска репрезентација домашен терен ќе ги започне и ќе заврши квалификациите за Европското првенство за две години. „Црвено жолтите“ се најдоа во групата Г со селекциите на Полска, Летонија, Словенија, Австрија и Израел.

Избраниците на Игор Ангеловски квалификациите ќе ги започнат на домашен терен со Летонија која е најслаба репрезентација според рејтинг во групата. Потоа им следува дуелот со Словенија во гости. Во вториот циклус Македонија ќе одигра два мечеви на домашен терен и тоа ротив Полска и Австрија.

Во третиот циклус Македонија гостува кај Израел и Летонија, а во четвртиот ќе ја пречека Словенија, а патува во Полска. Во последниот петти циклус Македонија гостува кај Австрија, а завршува со Израел на домашен терен.

Пласман на ЕП 2020 година обезбедуваат првите две селекции на табелата во групата. Квалификациските натпревари ќе бидат втора шанса за Македонија да се пласира на ЕП, бидејќи првата и далеку пореална е низ баражот во Лигата на Нации. „Црвено жолтите“ први минаа низ целта во групата и обезбедија учество во Ф4 турнирот. Во полуфиналето на Македонија ривал и е селекцијата на Косово.

Распоред:

1.коло (24 март): Македонија – Летонија

2.коло (24 март): Словенија – Македонија

3.коло (7 јуни): Македонија – Полска

4.коло (10 јуни): Македонија – Австрија

5.коло (5 септември): Израел – Македонија

6.коло (9 септември): Летонија – Македонија

7. коло (10 октомври): Македонија – Словенија

8. коло (13 октомври): Полска – Македонија

9. коло (16 ноември): Австрија – Македонија

10.коло (19 ноември): Македонија – Израел

OhridNews

Среќна ждрепка за Македонија во квалификациите за ЕП 2020