Македонската фудбалска репрезентација на 68-та позиција на рејтинг листата од ФИФА ќе ја заврши 2018 година.

„Црвено жолтите“ четврти месец во низа се наоѓаат на ова место, кое е најдобро во последниве години. Во 2018 година А репрезентација напредуваше осум позиции.

Во годината што изминува Македонија победи во групата во Лигата на Нации и обезбеди пласман во плејофот. Противник на најдобрите македонски фудбалери е селекцијата на Косово. Ривалот во полуфиналниот бараж се наоѓа на 131-то место на најновата ранг листа на ФИФА.

Годината на првото место ја завршува Белгија со 1.733 бода, еден повеќе од Франција, а потоа следуваат Бразил, Хрватска, Англија, Уругвај, Португалија, Швајцарија, Шпанија, Данска.

OhridNews