Македонската фудбалска репрезентација, полуфиналниот натпревар во баражот за пласман на Европското првенство против Косово најверојатно ќе го одигра во јуни, пред полни трибини на Националната арена „Тодор Проевски“.

Информацијата во јавноста ја соопшти Олимпискиот комитет на Косово на твитер профилот. Со одложувањето на мечот Македонија – Косово се исполни желбата на фудбалерите да не играат пред празни трибини и соседското дерби да биде вистински спектакл.

Денеска, УЕФА на вондредна видео конференција ги одложи баражите, кои, првично беа закажани за 26 и 31 март. Исто така со одложување се соочи Европското првенство. Континенталниот собир ќ се одржи следната година.

За сево ова да се исполни, треба да се стабилизира состојбата со коронавирусот и сите спортисти да се вратат на терените.

OhridNews