Македонската фудбалска репрезентација ќе го одигра својот меч од баражот за пласман на Европското првенство следната година на 8 октомври, по што ако победи на 12 октомври ќе игра со подобриот од дуелот Грузија-Белорусија за прв пласман на големите натпреварувања.

УЕФА  го објави деталниот распоред на своите натпревари, од Лигата на шампиони до Европското првенство, како и на баражите за пласман преку Лигата на нации. Европското првенство ќе се оддржи од 11 јуни до 11 јули 2021 година.

Следната сезона од Лигата на нации ќе биде одиграни на следните датуми: 3/4/5 и 6/7/8 септември; 10/11 и 13/14 октомври; 14/15 и 17/18 ноември 2020.

OhridNews