Македонската фудбалска репрезентација без публика на трибините ќе ја пречека селекцијата на Косово во полуфиналето од баражот за пласман на Европското првенство следната година.
УЕФА на ждрепката во Лигата на Шампиони најавија постепено враќање на публиката на трибините, но тоа нема да биде случај на мечевите од бараж натпревари во Лигата на Европа.
Фудбалската федерација на Македонија најави рефундирање на средствата од билетите кои симпатизерите ги купија на билетарите или онлајн.
Натпреварот помеѓу Македонија – Косово се игра на 8 октомври.
OhridNews