Ракомтната репрезентација на Македонија претрпе пораз на гости 24:22 (12:12) од Романија во реванш натпреварот од предбаражот за пласман на Светското првенство што следната година ќе се игра во Полска и Шведска.
Во првиот меч во Скопје избраниците на Кире Лазаров славеа со 8 голови разлика, а одлично го изработија и реваншот во кој имаа целосна контрола на резултатот.
Романија поведе со 1:0, но избраниците на Кире Лазаров имаа водство во текот на цело првио полувреме. Поведоа и во вториот дел, но Романија се врати во игра, поведе со 15:14, а во еден момент имаше водство и од највисоки 3 разлика. Но, тоа беше се што успеаја да направат избраниците на Чави Пасквал, кои на крајот мораа да се задоволат со пирова победа.
Капитенот и селектор Кирил Лазаров со шест голови беше најефикасен во редовите на „црвено-жолтите“, додека Мартин Томовски имаше девет одбрани на голот.
Во баражот за пласман на ракометниот мундијал Македонија во април ќе игра двомеч со Чешка.
Г.М.