Во суперлативи се пишува во македонските медиуми за „Езерското“ дерби кое синоќа се одгра помеѓу Охрид и Струга во рамките од шестата рунда во ракометната Супер лига. Атмосферата , борбата на ракометарите, фер и коректното навивање, меѓусебното почитување на навивачките групи „Рибари“ и „Паткари“ и моќната порака за поддршка на охриѓанката Сара Настеска се дел од работите кои го одбележаа дербито во „Билјанини Извори“. Охриѓани и стружани покажаа глад за ракомет, за елитен спорт и докажаа дека потполно го заслужуваат ракометен како спорт број еден во своите градови.
Gol.mk
Ekipa.mk
Ekipa.mk
Javisejuzna.mk
G-sport.mk
Sportmedia.mk
На социјалните мрежи „вриеше“ од пофални зборови, а натпреварот беше пренесува во живо со шест камери во стилот на мечевите од Лигата на Шампиони.
Мх.П.