Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, на Твитер објави дека МВР и Сојузното министерство за сообраќај и дигитална инфраструктура на Германија, ќе потпишат заедничка декларација за признавање и замена на возачки дозволи.
Потпишувањето според најавите ќе се случи утре.
Нашинците во Германија веќе подолг период го актуелизираа ова прашање, а беше покрената и онлајн петиција која ја потпишаа голем број граѓани.
OhridNews