Македонската фудбалска репрезентација ја забележа првата победа во квалификациите за пласман на Мундијалот во Катар 2022 година, совладувајќи ја селекцијата на Лихтенштајн со убедливи 4-0 (1-0), во втората рунда од фазата по групи.

„Црвено жолтите“ од почетокот од крајот го растурија ривалот на Националната Арена „Тодор Проевски“, комплетно оправдувајќи ја улогата на фаворит.

Избраниците на Игор Ангеловски фуриозно го започнаа натпреварот, притискајќи го противникот на сопствената половина. Теренската иницијатива вроди со плод во седмата минута. Енис Барди биеше прецизно од слободен удар и со голема помош од гостинскиот голман го отвори резултатот.

Македонските репрезентативци не застанаа, туку продолжија да напаѓаат за втор погодок. Многу блиску беше Барди, кој од слободен удар ја погоди конструкцијата на голот. Шанси имаа Горан Пандев, Елиф Елмас и Александар Трајковски но резултатот до крајот на првиот дел остана ист, во корист на Македонија.

Планот на Македонија за брз втор погодок во мрежата на ривалот успеа после шест минути игра. Трајкоски се најде на вистинско место по нафрлувањето на Елмас, кој претходно се „прошета“ во казнетиот простор. Три минути подоцна, во 54-та минута, Трајкоски со вториот погодок на мечот зголеми на 3-0 и ги расчисти сите дилеми околу победникот.

Погодокот на Трајковски за 2-0

Погодокот на Трајковски за 3-0

Ниту водството од 3-0 не ги задоволи македонските репрезентатвци, кои продолжија со офанзивната игра. Желбата за добар фудбал беше наградена во 61-та минута кога Елмас зголеми на 4-0.

Селекторот Ангеловски почна да ротира во составот, а измените додадоа нов импулс. Токму фудбалерите, кои влегоа од клупата беа „виновници“ за петтиот погодок, кој стави печат на победа. Бобан Николов изнуди удар од белата точка, а Илија Несторовски со паненка успешно реализираше.

Македонија воведните три мечеви од квалификациите ќе ги заокружи со средбата против Германија, кој ќе се одигра на 31 март во Дуисбург.

OhridNews
Фото: ФФМ