Денеска се навршуваат 115 години од Илинденското востание и 74 година од Првото заседание на АСНОМ што се одржа во манастирот Прохор Пчињски, на кое беа поставени темелите на современата македонска држава.

Овие два датуми се длабоко вкоренати во колективната меморија на нашиот народ. Двата Илиндена претставуваат историски темелник на македонската самобитност, непокор и слобода.

Годишнините од Илинден и АСНОМ ќе бидат одбележани со народни собири и свечености во Скопје,  Крушево и Пелинце, каде оваа година ќе се одржи централната манифестација. Празникот свечено ќе биде одбележан и во Охрид По тој повод претпладнево во 11.30 часот пред спомен – обележјето на илинденците во градскиот парк ќе биде положено свежо цвеќе, а историски час ќе одржи професор Ристе Николески.

OhridNews