Македонската кошаркарска репрезентација ги оживеа шансите за пласман на Евробаскетот, победувајќи Италија со 87-78, во „балон турнирот“, кој се одржува во рускиот град Перм.

„Црвено жолтите“ до големиот триумф стигнаа со маестрална игра во третиот и четвртиот период кога ја растурија италијанската селекција и надополнија двоцифрена негатива од првото полувреме.

„Азурите“ отворија добро и уште на стартот се одлепија. Првата четвртина заврши во нивна корист со 30-20. Во вториот квартал се играше изедначено, а Италија ја доби со еден поен (22-21), за плус 11 на одморот.

Избраниците на Александар Тодоров со фантастична игра во одбрана уште во третата четвртина ја анулираа предноста на италијаните. Со идентична игра продолжија и во решавачките десет минути и ја обезбедија победата.

Ако Русија не погреши против Естонија, дуелот помеѓу македонските и естонските кошаркарки ќе одлучува за третиот патник на ЕП.

OhridNews