Сениорската машка репрезентација на Македонија, во групната фаза на Европското Првенство 2020 ќе се сретне со селекциите на Чешка, Австрија и Украина.

На извлекувањето што денеска се одржа во Виена, Македонија беше извлечена во групата Б, што значи дека своите натпревари ќе ги игра во градот Виена во Австрија.

Група А (Грац- Австрија): Хрватска, Белорусија, Црна Гора, Србија
Група Б (Виена – Австрија): Чешка, МАКЕДОНИЈА, Австрија, Украина
Група Ц (Трондхајм – Норвешка): Шпанија, Германија, Латвија, Холандија
Група Д (Трондхајм – Норвешка): Франција, Норвешка, Португалија, Босна и Херцеговина
Група Е (Малме – Шведска): Данска, Унгарија, Исланд, Русија
Група Ф (Гетеборг – Шведска): Шведска, Словенија, Швајцарија, Полска

Според системот на натпреварување, најдобропласираните две селекции од секоја група ќе обезбедат пласман во следната фаза. Групата Б во која се наоѓа Македонија, ќе вкрсти со Групата А и Групата Ц, а натпреварите во таа новоформирана Главна Група 1, ќе се играат во Виена, информира Ракометната федерација на Македонија.

Распоред на натпревари:

10.01.2019 Македонија – Украина
12.01.2019 Чешка – Македонија
14.01.2019 Австрија – Македонија

OhridNews