Со поддршка на САД, во претстојниот период забрзано ќе се реализираат повеќе инфраструктурни проекти значајни за земјата. Ова по средбата со помошникот државен секретар за енергетика на САД Франсис Фeнон го изјави премиерот Зоран Заев, на заедничка пресконференција која беше пренесувана онлајн.
Приоритет на земјата е енергетска независност, оттаму поврзувањето на енергетските коридори преку Бугарија и Грција се од суштински интерес за Р.С. Македонија. За време на мојата посета на Атина пред две недели добивме поддршка од конзорциумот „Гастрејд“ за приклучување на Р.С. Македонија во изградбата за терминалот за течен гас во близината на Александрополис во Грција. Со овој проект се создава можност за трајно и стабилно снабдување со природен гас за Македонија која ќе стане точка од која понатаму со гас ќе се снабдуваат земјите од регионот. Со државниот секретар Фалон разговаравме за значењето на поддрѓшката за интерконекторопт за гас со Грција. Со тоа добиваме можност за поврзување на гасоводот од Азербејџан, Израел и земјите на Југоситочниот Медитеран. Овие проекти на нашата земја ќе и обезбедат стабилно и континуирано снабдување со гас, независност и конкурентни цени, што е во соглаасност со нашата долгорочна енергетска стратегија. – изјави премиерот Заев.
Интерконекторот за енергетско поврзување на земјата со гасоводот во Грција чини 54,4 милиони евра, од кои 13 милиони се грант од ЕУ. На средбата станало збор и за повторно ставање во функција на гасоводот Солун – Скопје, кој по престанокот на работа на рафинеријата Окта во 2013 година не е во функција.
Претстојат преговори со „Окта“ и „Хеленик Петролеум“ и се надевам дека ќе изнајдеме решенија овој капацитет да биде ставен во функција. Грчката компанија е заинтересирана да го стави повторно во функција овој нафтовод и да го надгради. На тој начин Скопје ќе стане центар од каде со деривати би се снабдувале и другите земји од регионот. – додаде Заев.
Премиерот нагласи дека енергетското поврзување со соседите со поддршка на Сад и ЕУ ја прави нашата земја енергетски коридор за земјите од ЈЕИ за алтернативен пристап до значајни енергетски ресурси.
Сето ова ја прави разликата која ја направивме изминатите три години. Од земја енергетски зависна од само еден коридор сега е интергрирана во енергетските проекти и вклучена во иницијативите за енергетско поврзување кои отвараат перспективи за брз економски развој. Отвараме нова ера на соработка со нашите партнери САД и другите членки на НАТО околу нас Бугарија, Грција и Албанија, но исто така се отвораат и можности за инвестиции на компаниите од областа на енегретиката. – рече Заев.
Помошникот државен секретар за енергетика Франсис Фeнон, рече дека САД гледаат трансформација на енергетскиот пазар во регионот кој го предводи Грција, која има најразвиена инфраструктура.
Мило ни е што вашата Влада покажа интерес за Александополис, што ќе има поширок ефект врз намалување на цените и подобрување на стабилноста и помош на потрошувачите. Р.С. Македонија има таква значајна можност со гасот, но и за другите обновливи извори на енергија. Исто така прашањето со „Хеленик Петролеум“ и „Окта“ напредуваат, грчката страна е посветена на соработка и партнерство во сите овие сфери и ние сакаме да дадеме поддршка. – рече Фeнон.
Одговарајќи на новинарско прашање кога овие проекти би можеле да станат реалност, Фeнон рече дека тоа е од суштинска важност за регионот, бидејќи тој во моментов има еден добавувач на енергија, што влијае на начинот на кој државите ги креираат своите политики.
САД има долгорочен интерес за енергетската безбедност. Во однос на зависноста од енергија уште од времето на претседателот Реган САД промовираат диверзификација на снабдувањето со енергија со што се создава круг на опции и пазар, ако имате еден снабдувач тоа не е пазар, туку зависност. Сега тука имаме нови опции, секако тука е и американскиот гас. Во 2016 година бевме трет извозник на природен гас, а наша цел е да бидеме први. Но позначајно е што со ова се создаваат поголеми опции на глобалниот пазар. Гледаме можности и во Југоисточниот Маедитеран, за што зборуваше премиерот Заев, Израел, Кипар, Египет. Со енергетското поврзување на Р.С. Македонија со Грција ќе создадеме повеќе опции и пазар кој функционира транспарентно. Грција е спомната како еден предводник, меѓутоа Р.С. Македонија е географски важна како регионален центар за рафинирани производи, дистрибутивна мрежа на гас и други енергенси на пазарот. Потребна е политичка волја за ваквата визија да стане стварност и ќе работиме на поттикнување на американските инвестиции да дојдат и да вложат во овој проект. – истакна Фeнон.
Инаку, грчкиот град Александрополис каде треба да се гради терминалот за течен гас на кој ќе се поврзе нашата земја, се наоѓа на границата со Турција и Бугарија и се снабдува со природен гас кој доаѓа преку Црното Море.
Г.М.