Македонската ракометна репрезентација започна да ги крои плановите околу подготовките за учеството на Европското првенство следната година кое ќе се одржи во три земји.

„Црвено жолтите“ го потврдија учеството на турнирот „Трофеј Карпати“кој се одржува во Романија. Турнирот ќе се одигра на крајот од декември месец. Учеството го има потврдено нашата земја и домаќинот Романија.

Како дел од подготовките, Македонија во рамките од ЕХФ неделата од 21 до 27 октомври ќе одигра четири контролни средби против селекциите на  Турција, Италија и на Грузија.

На Европското првенств во јануари следната година Македонија ќе игра во групата Б во Виена, каде што за првите две места што носат пласман во следната фаза ќе се бори со Чешка, Австрија и Украина.

OhridNews