Во периодот од 11 до 19 јули, во Софија, соседна Бугарија се имплементираше проектот Тhe “Lie to Me” 2021, организиран од Digital National Alliance (DNA)-Бугарија, со финансиска поддршка од Европската комисија и Еразмус+Програма. Овој проект имаше за цел да им обезбеди на младите работници знаења и вештини за медиумска писменост со цел да се однесуваат одговорно во однос на употребата на технологија,  како и да го проучува феноменот на лажни вести, причини, природа и последици со цел да се развие отпор кон нив. Во овој проект партиципираа 30 учесници од Македонија, Бугарија, Литванија, Шпанија, Италија, Португалија и Романија.

 

Истражувачки центар за безбедност, одбрана и мир како партнер-организатор на овој проект, преку своите претставници Д-р Билјана Богданова-Смилевска, Војо Џингарски, Симона Џингарска и Искра Андонова активно партиципираше во имплементација на овој проекти промоција на Македонија. Истражувачки центар за безбедност, одбрана и мир (ИЦБОМ) континуирано работи на остварување на своите цели и задачи:подигање на свеста кај младите за безбедностa, одбраната и мирот преку обуки, семинари, форуми, конференции и сл.; поттикнување и стимулација за работа во областа на безбедноста, одбраната и мирот; развој на невладиниот сектор и зближување на  невладини организации; организирање на културни настани и проекти; разгледување, оценување и завземање одредени ставови во однос на актуелни безбедносни прашања; организација и координација на научно – истражувачки активности; организирање на стручни и научни размени, како и сите други форми на соработка со различни колеџи и универзитети; организирање на хуманитарни и образовни проекти. Тhe “Lie to Me” 2021 е една од реализираните цели на ИЦБОМ.

Проектот се реализираше преку работилници, презентации на учесниците и на експерти од соодветната област, што овозможи размена на искуства и стекнување на нови знаења од областа на медиумската писменост. Во рамките на проектот секој национален тим ја промовираше својата држава на националните вечери, со што сите учесници имаа можност да се запознаат со природните убавини и традиционалната кујна на Македонија и да уживаат во македонското културно богатство, – рече Д-р Богданова-Смилевска.

Учеството во овој проект покажа дека Македонија е активен партиципиент во проектите поддржани од Европска комисија и Еразмус+ Програмата, а ИЦБОМ проект-партнер кој во континуитет работи на остварување на своите цели и задачи, ги поддржува младите и им дава можност да бидат дел од значајни проекти и активности со цел отворање пошироки хоризонти, размена на искуства и збогатување на научниот фонд со нови знаења.

OhridNews