Машката ракометна репрезентација на Македонија, денеска во 18:30 часот на гостински терен ќе го одигра вториот натпревар од квалификациите за Европското првенство во Унгарија и Словачка. Втор ривал на „црвено жолтите“ ќе биде селекцијата на Швајцарија.

Македонија успешно ги отвори квалификациите победувајќи ја Финска во првата рунда, но прв посериозен испит е гостувањето кај Швајцарија. Македонските ракометари со победа вечерва широко ќе си ги отворат вратите за ново учество на Европско првенство.

Вечерва, Македонија ќе биде без Дејан Манасков кој поради здравствени протоколи не отпатува во Швајцарија, додека преостанатите ракометари се здрави и негативни на тестовите од коронавирусот.

Натпреварот се игра во 18 часот и 30 минути, а пренос во живо ќе има на каналите МТВ 1 и 3.

OhridNews