Во рамки на квалификациите за Европското првенство во ракомет, репрезентацијата на Македонија вечерва во драматичен финиш загуби од Литванија на гости 29:27, полувреме 13:12.

Литванците добро го отворија мечот, имаа и +4, но на полувреме заминаа со минимална предност.

Во вториот дел Македонија заигра подобро, дури и го презеде водството во еден момент, по што мечот се играше гол за гол се до финишот. Во 54 минута Литванија направи 2 гола предност која не ја испушти до крајот.

Квалификациите продолжуваат во 2025 со двомеч со Словенија, а претходно Македонија во јануари ќе настапи на Светското првенство во Хрватска.

Г.М.