Македонија вечерва ја пречекува Италија во квалификациски натпревар за пласман на Европското првенство.
Селектор Благоја Милевски на вчерашната прес конференција по повод денешниот меч истакна дека кога се игра со противникот како Италија, не може да има резултатски притисок.
Сепак, желбата за победа секогаш е присутна тоа нема дилеми дека постои. Двата претходни меча се минато, Украина и Англија се зад нас, не треба да се навраќаме на тоа. Италија во Скопје е со нов селектор, исклучително квалитетен стратег кој што и сами знаете дека постигна огромен успех со Наполи. Мора да бидеме дисциплинирани, тактички одговорни. Да се ставиме сите во функција на тимот, само така ќе успееме да направиме нешто. Откако сум јас селектор, тоа во огромен дел од случаите ни успеало. Тимскиот дух, тимската игра ни донела успех. Тоа се истите момци, истите играчи, тие можат да го повторат тоа. Во ниту еден момент мечот против Италија во Палермо не е земен како подготовка за овој меч. Тоа беше бараж дуел, со друг противник во играчка смисла, но и друг селектор. Ова е сосема нов меч, со нова енергија, нов момент, нов момент. Енергија и мотив не ни недоставува, рече Милевски.
Репрезентација на евроквалификацискиот дуел во Скопје против европскиот првак Италија ќе ја предводи на теренот Енис Барди, кој потенцираше дека нема да биде лесен натпреварот, но посакуваат позитивен резултат.
Натпреварот се игра на Националната арена „Тодор Проески“ со почеток во 20:45 часот.
OhridNews