Фудбалската репрезентација на Македонија славеше над Лихтенштајн во Вадуз 0:3 на отворањето на квалификациите за пласман на Светското првенство во 2026 година.

Стрелци на головите за Македонија беа Александар Тртајковски, Висар Муслиу и Бојан Миовски.

Македонските репрезентативци победата ја посветија на семејствата на ѓртвите и повредените од трагедијата во Кочани.

Во следниот меч Македонија на домашен терен во вторник ја пречекува репрезентацијата на Велс која во 1 коло исто така славеше победа совладувајќи го Казахстан со 3:1.

Г.М.
Фото: ФФМ